Samsung MG22M8054AK Manuel d'utilisateur Page 106

  • Télécharger
  • Ajouter à mon manuel
  • Imprimer
  • Page
    / 320
  • Table des matières
  • DEPANNAGE
  • MARQUE LIVRES
  • Noté. / 5. Basé sur avis des utilisateurs
Vue de la page 105
Водич за готвење
26Македонски
Водич за готвење
Водич за готвење на ориз и тестенини
Ориз: Употребете голем стаклен огноотпорен сад со капак - при готвење оризот двојно го зголемува
волуменот. Гответе покриено. По готвењето, промешајте пред да отстои и додадете сол, зачин или
путер.
Забелешка: оризот може да не ја апсорбира целата вода по истекот на времето за готвење.
Тестенини: Употребете голем стаклен огноотпорен сад. Додадете врела вода, малку сол и добро
промешајте. Гответе непокриено. Промешувајте повремено за време и после готвењето. Покријте
додека стои и потоа исцедете.
Храна Големина на порции Напојување Време (мин.)
Бел ориз (полуварен) 250 g 850 W 14-16
Инструкции
Додадете 500 ml ладна вода. Почекајте 5 минути.
Интегрален ориз
(полуварен)
250 g 850 W 18-20
Инструкции
Додадете 500 ml ладна вода. Почекајте 5 минути.
Мешан ориз (ориз + див
ориз)
250 g 850 W 15-17
Инструкции
Додадете 500 ml ладна вода. Почекајте 5 минути.
Мешани житарици (ориз
+ жито)
250 g 850 W 16-18
Инструкции
Додајте 400 ml ладна вода. Почекајте 5 минути.
Тестенини 250 g 850 W 10-11
Инструкции
Додадете 1000 ml топла вода. Почекајте 5 минути.
Подгревање
Микробрановата печка ќе ја загрее храната за многу пократко време од стандардниот шпорет.
Користете ниво на јачина и време за подгревање согласно упатствата од табелата. Времињата во табелата
се однесуваат на течности на собна температура од +18 до +20 °C или изладена храна на температура од
+5 до +7 °C.
Распоредување и покривање
Избегнувајте да подгревате големи парчиња месо - тие може премногу да се испечат на надворешниот слој
без да се загрее внатрешниот дел. Подгревањето на мали парчиња може да биде поуспешно.
Нивоа на јачина и промешување
Некоја храна може да се подгрева со јачина од 850 W додека друга со јачина од 600 W, 450 W или дури 300
W.
Ако ви треба помош, проверете во табелите. Генерално, подобро е да се подгрева храната со помала
јачина, доколку таа е деликатна, во поголема количина или се загрева многу брзо (на пр. овошни колачи).
Добро промешувајте или вртете ја храната за време на подгревањето за најдобри резултати. Кога е можно,
промешајте повторно пред сервирање. Внимавајте кога загревате течности и храна за бебиња. Заради
заштита од превривање и можни изгореници, промешајте пред, за време и по загревањето. Чувајте ги
во печката за да отстојат. Ви препорачуваме да ставите пластична или стаклена лажица во течностите.
Избегнувајте прегревање (а со тоа и намалување на квалитетот) на храната. Подобро е да предвидите
пократко време на готвење и доколку е потребно да додадете дополнително време.
Време на греење и стоење
Кога првпат подгревате храна забележете го потребното време – може да ви користи во иднина. Секогаш
проверете дали храната што ја подгревате е рамномерно стоплена. Оставете ја храната да постои
одредено време по подгревањето - за да се изедначи температурата. Се препорачува време на стоење од
2-4 минути, освен ако не е поинаку прикажано во табелата. Внимавајте кога загревате течности и храна за
бебе. Погледнете го делот за безбедносни мерки.
MG22M8054AK_OL_DE68-04445G-01_MK.indd 26 2017-11-29  5:15:35
Vue de la page 105
1 2 ... 101 102 103 104 105 106 107 108 109 110 111 ... 319 320

Commentaires sur ces manuels

Pas de commentaire