Samsung SM-G310HN Manuel d'utilisateur Page 100

  • Télécharger
  • Ajouter à mon manuel
  • Imprimer
  • Page
    / 104
  • Table des matières
  • MARQUE LIVRES
  • Noté. / 5. Basé sur avis des utilisateurs
Vue de la page 99
Решавање проблеми
100
Се слуша ехо од звукот за време на разговорот
Прилагодете ја јачината на звукот со притискање на копчето за јачина на звук или
преместете се во друга област.
Доаѓа до чести прекини во врската со мобилната мрежа или со
Интернет
•
Осигурете се дека не ја блокирате внатрешната антена на уредот.
•
Кога сте во подрачја со слаб сигнал или лош прием, може да изгубите прием. Може да
имате проблеми со поврзувањето заради проблеми со базната станица на операторот.
Преместете се во друго подрачје и обидете се повторно.
•
Кога го користите уредот додека се движите, услугите на безжична мрежа може да бидат
деактивирани заради проблеми со мрежата на операторот.
Иконата за батеријата е празна
Нивото на батеријата е ниско. Наполнете ја или заменете ја батеријата.
Батеријата не се полни правилно (за полначи одобрени од
Samsung)
•
Уверете се дека полначот е правилно поврзан.
•
Ако терминалите на батеријата се нечисти, батеријата може да не се полни правилно
или уредот може да се исклучи. Избришете ги двата златно-обоени контакта и повторно
обидете се да ја наполните батеријата.
•
Батериите на некои уреди немаат можност за замена од страна на корисникот. За замена
на батеријата, посетете сервисен центар на Samsung.
Батеријата се троши побрзо од периодот кога била купена
•
Кога ја изложувате батеријата на многу високи или многу ниски температури, корисниот
капацитет може да се намали.
•
Потрошувачката на батеријата се зголемува кога ги користите одликите за размена на
пораки или некои апликации, како што се игри или Интернет.
•
Батеријата е потрошен дел и корисниот капацитет ќе се намалува со текот на времето.
Vue de la page 99
1 2 ... 95 96 97 98 99 100 101 102 103 104

Commentaires sur ces manuels

Pas de commentaire