Samsung GT-E1150 Manuel d'utilisateur

Naviguer en ligne ou télécharger Manuel d'utilisateur pour Smartphones Samsung GT-E1150. Samsung GT-E1150 Упатство за користење Manuel d'utilisatio

  • Télécharger
  • Ajouter à mon manuel
  • Imprimer
  • Page
    / 2
  • Table des matières
  • MARQUE LIVRES
  • Noté. / 5. Basé sur avis des utilisateurs
Vue de la page 0
Printed in Korea
Code No.: GH68-26859A
Macedonian. 12/2010. Rev. 1.1
GT
-
E1150
Мобилен телефон
Упатство за употреба
Некои од содржините во ова упатство може да се
разликуваат од Вашиот телефон во зависност од
софтверот на телефонот или давателот на услугата.
www.samsungmobile.com
Информации за безбедноста и начинот на употреба
Безбедносни мерки
на претпазливост
Постојано возете внимателно
Избегнувајте користење на Вашиот телефон додека
возите и почитувајте ги сите прописи кои го
ограни чу ваат користењето на мобилните телефони
за време на возење. Користете hands-free опрема кога
е возможно за да ја зголемите Вашата безбедност.
Следете ги сите безбедносни
предупредувања и прописи
Почитувајте ги прописите кои го ограничуваат
користењето на мобилниот телефон во одредена
област.
Користете само опрема одобрена од Samsung
Користењето на некомпатибилна опрема може да го
оштети Вашиот телефон или да предизвика повреда.
Исклучете го телефонот во близина
на медицинска опрема
Вашиот телефон може да предизвика пречки
на медицинската опрема во болниците или здравствените
установи. Следете ги сите прописи, објавени
преду предувања и упатства од медицинскиот персонал.
Исклучете го телефонот или исклучете
ги функциите за безжична мрежа кога
сте во авион
Вашиот телефон може да предизвика пречки
на опремата во авионот. Следете ги сите прописи
од воздухопловната компанија и исклучете го Вашиот
телефон или префрлете се во режим кој ги оневозмож ува
функциите за безжична мрежа кога е тоа наложено
од персоналот на компанијата.
Заштита на батериите и полначите од оштетување
Избегнувајте да ги изложувате батериите на многу
ниски или многу високи температури (под 0° C/32° F
или над 45° C/113° F). Екстремните температури го
намалуваат капацитетот на полнење и векот на траење
на Вашите батерии.
Спречете контакт на батериите со метални предмети,
затоа што тоа може да предизвика директно спојување
помеѓу + и - половите на батеријата кое води до
привремено или трајно оштетување на батеријата.
Никогаш не користете оштетен полнач или батерија.
Ракувајте со телефонот внимателно и разумно
Немојте да го расклопувате телефонот поради
опасност од електричен удар.
Не дозволувајте телефонот да се навлажни –
течностите можат сериозно да го оштетат телефонот
и ќе ја променат бојата на налепницата која означува
дека навлегла вода во телефонот. Не ракувајте со
телефонот со влажни раце. Оштетувањата на
телефонот предизвикани од вода можат да ја
поништат гаранцијата на производителот.
Избегнувајте користење или чување на телефонот
на прашливи, валкани места за да спречите
оштетување на механичките делови.
Вашиот телефон е сложен електронски уред –
заштитете го од удари и грубо ракување за да
се избегне сериозно оштетување.
Немојте да го боите Вашиот телефон, бојата може
да ги затне механичките делови и да го наруши
неговото правилно функционирање.
Доколку Вашиот телефон има блиц или светло,
одбегнувајте да ги користите блиску до очите на
децата или животните.
Вашиот телефон и мемориски картички можат да бидат
оштетени со изложување на магнетни полиња.
Не користете футроли или опрема со магнетно
затворање и не дозволувајте телефонот да биде
изложен на магнетни полиња подолг временски период.
Избегнување пречки со други електронски уреди
Вашиот телефон емитира радио фреквентни (RF) сигнали
кои можат да предизвикаат пречки на незаштитена
или неадекватно заштитена електронска опрема, како
што се пејсмејкерите, слушните помагала, медицинските
уреди и други електронски уреди во домовите или возилата
.
Обратете се до производителот на електронскиот
уред за да решите било каков проблем со пречки на кој
сте наишле.
Исклучете го полначот од струја кога не го користите.
Користете ги батериите само за целта за која се
наменети.
Внимателно ракувајте со SIM картичките
и мемориските картички
Не вадете ја картичката додека телефонот
испраќа
или прима информации, бидејќи тоа може да
предизвика
губење на податоците и/или оштетување
на картичката
или телефонот.
Заштитете ја картичката од силни удари, статички
електрицитет и електрични пречки од други уреди.
Не ги допирајте златно-обоените контакти
со прсти
или метални предмети. Доколку е валкана,
избришете
ја картичката со мека крпа.
Обезбедете пристап до службите за итна
помош
Повиците за итна помош од Вашиот телефон
можеби
нема да бидат возможни во некои подрачја или
околности.
Пред патување во оддалечени или
неразвиени подрачја,
испланирајте алтернативна метода
за контакт со персонал
од службите за итна помош.
Не го користете телефонот доколку екранот
е напукнат или скршен
Скршено стакло или акрилен може да предизвика
повреда
на рацете или лицето. Однесете го телефонот во
сервисен
центар на Samsung за да го замените
екранот. Оштети предизвикани поради невнимателно
користење
на телефонот ја поништуваат гаранцијата на
производителот.
Информации за SAR (Specic Absorption Rate)
сертификатот
Вашиот телефон подлежи на стандардите од Европската
унија (EU) кои ја ограничуваат изложеноста на луѓето
на зрачење на радио-бранови (RF) емитувани од радио
и телекомуникациска опрема. Овие стандарди спречуваат
продажба на мобилни телефони кои го надминуваат
максималното ниво на изложување (познато како
Specic Absorption Rate, или SAR) од 2,0 вати по килограм.
За време на тестирање, максималниот SAR регистриран
за овој модел бил 0,720 вати по килограм. При нормално
користење, вистинскиот SAR е многу понизок, бидејќи
телефонот е направен да ја емитира само RF енергијата
потребна за пренос на сигналот до најблиската базна
станица. Со автоматско емитување пониски нивоа
секогаш кога е тоа возможно, Вашиот телефон го намалува
Вашето севкупно изложување на RF енергија.
Изјавата за усогласеност на задната страна од ова
упатство ја прикажува усогласеноста на Вашиот
телефон со Директивата за европската радио
и терминална телекомуникациска опрема (R&TTE).
За повеќе информации во врска со SAR и соодветните
EU стандарди, посетете ја мрежната страница за
Samsung мобилни телефони.
Правилно депонирање на овој производ
(Отпадна електрична и електронска опрема)
(Применливо во Европската унија и другите
европски земји со системи за одвојување на
отпадот)
Оваа ознака на производот, приборот или
литературата означува дека производот
и неговиот електронски прибор (на пр. полначот,
слушалките, USB кабелот) на крајот од нивниот работен
век не треба да се отстрануваат заедно со останатиот
отпад од домаќинството. За избегнување на возможна
штета врз околината или човечкото здравје предизвикана
со неконтролирано фрлање отпад, Ве молиме да ги
одвоите овие предмети од другите видови отпад
и одговорно да ги рециклирате заради унапредување на
еколошки оправдано повторно користење на
материјалните ресурси.
Физичките лица можат да се обратат или во продавницата
каде што го купиле овој производ или во службите на
локалната самоуправа, за детали каде и како да
извршат рециклирање на производот на начин безбеден
по околината.
Деловните корисници можат да се обратат до својот
снабдувач и да ги проверат одредбите и условите во
договорот за набавка. Овој производ и неговиот
електронски прибор не треба да се мешаат со друг
комерцијален отпад.
Безбедносни предупредувања
Чувајте го телефонот подалеку од дофат
на мали деца и домашни миленичиња
Чувајте го телефонот и целата опрема подалеку
од дофат на мали деца или животни. Малите делови
можат да предизвикаат задушување или сериозна
повреда доколку се проголтаат.
Заштитете го слухот
Прекумерна изложеност на гласни звуци
може да предизвика оштетување на слухот.
Секогаш намалете ја јачината на тонот
пред да ги вметнете слушалките во извор
на звук и користете ја минималната
поставка за јачина на тонот потребна за
слушање на разговорот или музиката.
Внимателно инсталирајте ги мобилните
телефони и опремата
Проверете дали мобилните телефони или соодветната
опрема кои се инсталирани на Вашето возило се добро
прицврстени. Избегнувајте поставување на Вашиот
телефон или опрема во близина или во просторот на
делување на воздушните перничиња. Непрописно
монтирана безжична опрема може да предизвика
сериозна повреда при нагло отворање на воздушните
перничиња.
Внимателно ракување и отстранување
на батериите и полначите
Користете само батерии и полначи одобрени од Samsung
специјално дизајнирани за Вашиот мобилен телефон.
Несоодветните батерии и полначи можат да предизвикаат
сериозни повреди или оштетување на Вашиот
мобилен телефон.
Никогаш не ги фрлајте батериите или телефонот
во оган. Следете ги сите локални регулативи при
фрлање на искористените батерии или телефон.
Никогаш не ги оставајте батериите или телефоните
на или во грејни тела, како што се микробранови
печки, печки или радијатори. Батериите можат
да експлодираат доколку се прегреат.
Никогаш не кршете ја или прободувајте ја батеријата.
Избегнувајте да ја изложувате батеријата на висок
надворешен притисок, кој може да предизвика
внатрешен краток спој и прегревање.
Избегнување пречки со пејсмејкери
Одржувајте растојание од најмалку 15 см помеѓу
мобилните телефони и пејсмејкерите за да избегнете
потенцијални пречки, како што е препорачано
од производителите и независната истражувачка
група, Wireless Technology Research. Доколку имате
било каква причина да се сомневате дека Вашиот
мобилен телефон предизвикува пречки на пејсмејкер
или друг медицински уред, исклучете го телефонот
веднаш и обратете се до производителот на
пејсмејкерот или медицинскиот уред за совет.
Важни информации за начинот
на употреба
Користете го телефонот во нормална положба
Избегнувајте контакт со внатрешната антена
на телефонот.
Внатрешна антена
Дозволете само квалификувани лица
да го сервисираат Вашиот телефон
Дозволувањето на неквалификувани лица да го
сервисираат Вашиот телефон може да предизвика
оштетување на телефонот и поништување на Вашата
гаранција.
Обезбедете максимален век на траење
на батеријата и полначот
Избегнувајте полнење на батериите подолго од една
седмица, бидејќи преполнувањето може да го скрати
нејзиниот век на траење.
Со тек на време, неупотребуваните батерии ќе се
испразнат и мора повторно да се наполнат пред
употреба.
Исклучете го телефонот во потенцијално
експлозивни околини
Не го користете Вашиот телефон на места за снабдување
со гориво (бензински станици) или во близина на горива
или хемикалии. Исклучете го Вашиот моб илен телефон
секогаш кога е тоа назначено со знаци за предупредување
или упатства. Вашиот телефон може да предизвика
експлозија или пожар во или во близина на простори
за складирање на гориво или хемикалии и простори
за пренос или експлозивни простори. Не чувајте или
пренесувајте запаливи течнос ти, гасови или експлозивни
материјали на исто место со телефонот, неговите
делови или опремата.
Намалување на ризикот од оштетувања
при движења кои се повторуваат
При испраќање на текстуални пораки или играње
иг ри на Вашиот телефон, држете го телефонот лабаво,
притискајте ги копчињата лесно, користете специјални
карактеристики кои го намалуваат бројот на копчиња
кои треба да ги притиснете (како што се шаблони
и готов текст) и често правете паузи.
Почитувајте ги следните предупредувања за да избегнете опасни или недозволени ситуации и обезбедете максимални перформанси
на Вашиот мобилен телефон.
Правилно отстранување на батериите од овој
производ
(Применливо во Европската Унија и други
европски земји со засебни системи за враќање
батерии)
Оваа ознака на батеријата, во упатството
или на пакувањето означува дека батериите од овој
производ не треба да се отстранат заедно со
останатиот отпад од домаќинството на крајот од нивниот
работен век. Каде што се означени, хемиските
симболи Hg, Cd или Pb означуваат дека батеријата
содржи жива, кадмиум или олово над препорачаното
ниво во Директивата 2006/66/EC. Ако батериите не се
отстранат правилно, овие супстанции можат да предизвикаат
штета врз човековото здравје или животната средина.
За заштита на природните ресурси и поддршка
на повторното користење на материјалните ресурси,
Ве молиме да ги одвоите батериите од останатиот
отпад и да ги рециклирате преку Вашиот локален,
бесплатен систем за враќање на батерии.
Vue de la page 0
1 2

Résumé du contenu

Page 1 - Упатство за употреба

Printed in KoreaCode No.: GH68-26859AMacedonian. 12/2010. Rev. 1.1GT-E1150Мобилен телефонУпатство за употребаНекои од содржините во ова упатство може

Page 2 - Samsung Electronics QA Lab

Преглед на телефонотПристап до менијатаЗа да пристапите до менијата на телефонот:1. При почетниот екран, притиснете <Мени> за да пристапите до

Commentaires sur ces manuels

Pas de commentaire