Samsung WF1124XAC Manuel d'utilisateur Page 428

  • Télécharger
  • Ajouter à mon manuel
  • Imprimer
  • Page
    / 712
  • Table des matières
  • MARQUE LIVRES
  • Noté. / 5. Basé sur avis des utilisateurs
Vue de la page 427
Македонски - 28
Одредување на капацитетот на полнење
Не преполнувајте ја машината бидејќи вашите алишта можеби нема да се исперат
добро. Користете ја оваа табела за да ја одредите количината на облеката за перење во
зависност од нејзиниот вид.
Вид на ткаенина Капацитет
Модел
WF1124
Cotton (Памук)
- средно/малку валкано
- многу валкано
12,0 kg
Synthetics (Синтетика) 5,0 kg
Denim (Тексас) 3,0 kg
Bedding (Постелнина) 2,5 kg
Outdoor Care
(Грижа за облека за надвор од домот)
2,0 kg
Wool (Волна) 2,0 kg
Доколку облеката не е избалансирана (“UE” засветува на екранот),
прераспределете ги алиштата.
Ако алиштата не се рамномерно распоредени, ефикасноста на центрифугирање
може да се намали.
При перење на постелнина или прекривки за постелнина, времето за перење може
да се продолжи или ефикасноста на центрифугирање може да се намали.
За постелнина или прекривки за постелнина, препорачаниот капацитет на
полнење е 2,5 kg или помалку.
Ставете ги градниците (оние кои се перат) во мрежата за перење (се купува
дополнително).
Металните делови од градниците може да го пробијат
материјалот и да ја оштетет машината. Затоа овој тип на
облека ставете го во мрежа за перење.
Мали и лесни алишта како чорапи, ракавици, хулахопки и
шамивчиња може да се заглават околу вратата. Ставете ги во
мала мрежа за перење.
Немојте да ја перете само мрежата за перење без други алишта. Ова може да
предизвика ненормални вибрации кои можат да ја поместат машината за перење
при што може да дојде до несреќен случај и повреда.
ИНФОРМАЦИИ ЗА ДЕТЕРГЕНТИ И АДИТИВИ
Кој детергент да го користите
Видот на детергентот зависи од видот на ткаенината (памук, синтетика, деликатни
ткаенини, волна), бојата, температурата на перење и видот на валканоста. Секогаш
употребувајте детергент за перење кој “не пени” премногу и кој е наменет за автоматските
машини за перење.
Следете ги препораките на производителот на детергенти за тежината на алиштата за
перење, степенот на валканоста и тврдоста на водата во вашето место. Доколку не знаете
колку е тврда водата, информирајте се кај локалните органи за водоснабдување.
Немојте да користите детергент кој се стврднал, бидејќи детергентот може да се
задржи и по циклусот на плакнење. Може да дојде до неправилно плакнење на
машината или блокирање на истекот за претекување.
ВНИМАНИЕ
перење на алишта
ARNO_DC68-03165H-09_MK.indd Sec5:28ARNO_DC68-03165H-09_MK.indd Sec5:28 2015-10-21  5:25:552015-10-21  5:25:55
Vue de la page 427
1 2 ... 423 424 425 426 427 428 429 430 431 432 433 ... 711 712

Commentaires sur ces manuels

Pas de commentaire