Безбедносни одлики
128
Испраќање пораки за помош
Во итен случај, притиснете го брзо три пати копчето за вклучување/ресетирање/
исклучување. Уредот им испраќа пораки на Вашите примарни контакти. Во пораките се
вклучени информациите за Вашата локација.
Известување за невреме (Geo News)
За известувањата за невреме (Geo News)
Користете ја оваа одлика за да добивате известувања за екстремни временски услови во
близина на Вашата моментална локација.
•
Одликата ја препознава Вашата локација и ви обезбедува информации за
катастрофи доколку се случуваат во Вашата област. Информациите кои се
обезбедуваат може да се разликуваат во зависност од операторот во Вашата
тековна локација.
За да прикажете информации за екстремни временски услови и регионите
и јазиците на кои се достапни информациите, посетете ја страницата
www.samsung.com/geonews.
•
За да добиете известувања за невреме, поврзете го уредот на Wi-Fi или на
мобилна мрежа.
•
Оваа одлика може да биде недостапна во зависност од регионот или од
операторот.
Примање известувања
На екранот со апликации, допрете
Нагодувања
→
Поддршка за безбедност
→
Гео-вести
,
и потоа допрете го копчето
Гео-вести
за да го активирате.
Предупредувачки известувања
Допрете
Појавни известувања Гео-вести
.
Ако временските услови се влошат, уредот прикажува известување во скокачки прозорец.
Можете да изведете итен повик или да испратите порака за итен случај кај претходно
поставени контакти од скокачкиот прозорец.
Commentaires sur ces manuels