Почнуваме
14
3
Притиснете ја SIM или USIM-картичката со Вашиот прст и потоа извлечете ја.
Полнење на батеријата
Пред првата употреба, наполнете го уредот со полначот. Исто така, може да се употреби
компјутер за полнење на батеријата со поврзување со USB-кабел.
Користете само полначи, батерии и кабли што се одобрени од Samsung.
Неодобрените полначи или кабли, може да предизвикаат експлозија на батеријата
или оштетување на уредот.
•
Кога енергијата на батеријата е на ниско ниво, иконата за батеријата се прикажува
празна.
•
Ако батеријата е целосно испразнета, уредот не може да се вклучи веднаш кога ќе
се поврзе полначот. Оставете ја целосно празната батерија да се наполни неколку
минути пред да го вклучите уредот.
•
Ако користите повеќе апликации истовремено, мрежни апликации или апликации
што бараат поврзување со друг уред, батеријата брзо ќе се испразни. За да
избегнете исклучување од мрежата или трошење енергија за време на пренос
на податоци, секогаш користете ги овие апликации после целосно полнење на
батеријата.
1
Поврзете го USB кабелот со USB адаптерот за напојување.
Commentaires sur ces manuels