Поврзување со други уреди
161
Брзо поврзување
Во врска со Брзо поврзување
Користете ја оваа одлика за врзо пребарување и поврзување со блиски уреди. Можете да
го употребите уредот како далечински управувач со негово поврзување со ТВ. Исто така,
можете лесно да споделувате содржини зачувани на Вашиот уред со компјутери.
•
Методите за конекција може да се разликуваат во зависност од типот на поврзани
уреди или содржината која се споделува.
•
Името на уредот може да се разликува во зависност од Bluetooth уредите со кои
се спарува. На пример, името на уредот може да се прикаже како BT MAC.
Пред да ја употребите оваа апликација
•
Кога се поврзувате со уред што ја поддржува одликата Брзо поврзување, вклучете го
екранот на уредот за да може да се детектира.
•
Кога се поврзувате со уред што не ја поддржува одликата Брзо поврзување, осигурете се
дека се активирани одликите Wi-Fi Direct или Bluetooth.
Поврзување со други уреди
1
Отворете го панелот за известувања и допрете
Брзо поврзување
.
Кога ќе се отвори панелот, одликата Bluetooth се активира автоматски и уредот
пребарува блиски уреди.
2
Изберете уред со кој ќе се поврзите.
Следните чекори може да се разликуваат во зависност од поврзаниот уред. Следете ги
упатствата на екранот за да го завршите поврзувањето на уредите.
За да дозволите блиски уреди да го пребаруваат Вашиот уред и да се поврзуваат на него,
допрете
→
Секогаш подготвен за поврзување
, и потоа допрете го копчето
Секогаш
подготвен за поврзување
за да го активирате.
Commentaires sur ces manuels