Нагодувања
181
Сканер за прсти
Регистрирајте ги Вашите отпечатоци на прсти на уредот за да го обезбедите уредот или да се
најавувате на Вашата сметка Samsung.
На екранот Нагодувања, допрете
Сканер за прсти
.
•
Управување со отпечатоци
: Регистрирајте или избришете информации за отпечатоци.
•
Смени алтернативна лозинка
: Изменете ја алтернативната лозинка ако уредот не го
препознава отпечатокот.
•
Заклучување на екранот
: Поставете метод на отклучување и алтернативна лозинка.
•
Потврди сметка Samsung
: Поставете уредот да ја верификува Вашата сметка Samsung.
со отпечатоци од прсти.
•
Pay with PayPal
: Поставете уредот да ја потврдува Вашата PayPal сметка и да одобрува
набавки со користење на Вашите отпечатоци на прсти.
Оваа одлика може да биде недостапна во зависност од регионот или од операторот.
ДВИЖЕЊЕ
Движења и гестови
Активирајте ја одликата за препознавање движења и променете ги нагодувањата кои ја
контролираат одликата за препознавање движења на Вашиот уред.
На екранот со апликации, допрете
Движења и гестови
.
•
Директен повик
: Поставете уредот да упати гласовен повик со кревање и доближување
на уредот до увото додека ги гледате деталите за повик, порака или контакт.
•
Паметно известување
: Поставете уредот да Ве известува ако имате пропуштени
повици или нови пораки кога ќе го подигнете уредот.
•
Искл. звук/паузирај
: Поставете уредот да го исклучува звукот на дојдовни повици,
аларми или да го паузира емитувањето од медиуми со движења на дланка или гледање
настрана од екранот.
–
Покривање екран со рака
: Поставете уредот да ги исклучува дојдовните повици
или аларми или да го паузира емитувањето од медиуми кога ќе го покриете екранот
со вашата дланка.
–
Превртување на уредот
: Поставете уредот да го исклучува звукот на дојдовни
повици, аларми или да паузира емитување на медиуми со поставување на уредот
завртен надолу.
Commentaires sur ces manuels